fbpx

Обвинителството ги истражува двојното убиство и самоубиството во Волково

-

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје вчера во село Волково констатирал дека со употреба на огнострелно оружје од живот се лишени три лица, од кои две од женски пол.

„Во насока на расветлување на настанот, обвинителот издаде наредби за вршење на обдукција на починатите, наредби за собирање траги од местото на настанот, вршење на ДНК-вештачење, фотографирање, како и за распит на лица со прибирање докази и податоци. Исто така, наредено е вештачење на телефоните пронајдени на местото на настанот, бидејќи според првичните информации, на кривичното дело претходела интензивна комуникација, која може да расветли детали за кривично-правниот настан“, велат од Основно јавно обвинителство.

Обвинителот издал и наредба до Внатрешна контрола при МВР за испитување на случајот и за доставување на целосен извештај за минатото поведение на починатиот маж.

Од обвинителство велат дека првичните сознанија упатуваат дека мажот извршил двојно убиство и самоубиство, а мотивите дополнително ќе се утврдуваат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...