fbpx

Туристичките потенцијали на Македонија претставени во Казахстан

-

Претседателот на Туристичко-угостителската комора при Сојуз на стопански комори, Аркан Керим, ќе ги презентира можностите за туризам и потенцијалите на Македонија како туристичка дестинација пред најголемите туристички оператори од Казахстан.

Керим учествува на Меѓународниот саем за туризам во Казахстан, а во фокусот е презентирање на производи за подобрување на можностите за туризам, туристички услуги и решенија, услуги за сместување и луксузни услуги.

На Меѓународниот саем за туризам се претставуваат светските водечки туристички комплекси и нивното работење, како и добри практики за унапредување на угостителството и на туризмот како една од носечките столбови на економијата на секоја земја.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...