„Орка холдинг“ ја купи најголемата приватна јапонска болница во Бугарија

-

„Орка холдинг“, преку клиничката болница „Аџибадем Систина“, заедно со турската болница „Аџибадем“, денеска потпиша договор за купување на најголемата приватна здравствена установа во Бугарија, јапонската болница „Токуда“, заедно со нејзините подружници („Токуда груп“). Преку оваа трансакција, „Орка холдинг“ презеде 100 отсто од акциите  на „Токуда груп“.

Партнерите потпишаа и договор за спојување со „Сити клиник“, вториот здравствен оператор во Бугарија, со три болници и со три амбулантски центри. Оваа трансакција е комбинација од преземање на речиси една третина од уделите на постојните акционери и промена на акциите на оперативите партнери во новиот комбиниран ентитет.

По трансакцијата, 76,5 отсто од акциите на новоформираниот холдинг (SPV) припаѓаат на „Аџибадем“ и на „Орка холдинг“ (преку „Аџибадем Систина“), а 23,5 отсто на акционерите на „Сити клиник“.

Вредноста на трансакцијата и на новонастанатата компанија е 125 милиони евра.

Малолетници сексуално вознемирувале девојче во автобус на ЈСП

Неколкумина машки малолетници, вчера во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје, сексуално вознемирувиле малолетничка, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во 14.45 часот во СВР Скопје, 48 годишен маж од...

МЦМС: Mнозинството граѓани сметаат дека безбедноста во земјава е загрозена

Мнозинство од граѓаните (59,8%) сметаат дека безбедноста во земјава е многу или главно загрозена. Меѓу нив, побројни се жените. Загриженоста опаѓа со зголемувањето на степенот на образование од 67% кај оние...

Со закана со нож 34 годишник силувал дете во Тетово, Обвинителството поведе истрага

Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 34 годишник, за кој постои основано сомнение дека сторил кривично дело – силување дете кое не наполнило 15 години, казниво...

Меѓуресорска група ќе ги брани училиштата од сајбер напади

Претставници на Министерството за образование и наука, на Министерството за внатрешни работи, институции за јавна безбедност, претставници на Министерството за дигитална трансформација и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, заеднички...

Малолетници сексуално вознемирувале девојче во автобус на ЈСП

Неколкумина машки малолетници, вчера во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје, сексуално вознемирувиле малолетничка, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во 14.45 часот во СВР Скопје, 48 годишен...