fbpx

Обвинителот Јован Илиевски избран за претседател на Комисијата за одмерување казни

-

Членовите на новоформираната Комисија за воедначување на казнената политика го избраа обвинителот од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Јован Илиевски, за претседател на Комисијата, пишува „Утрински“ на својата интернет-страница.

Седуммината членови, кои ја сочинуваат Комисијата, ги избира Собранието, а нивниот мандат е четири години, со право на повторен избор.

Како што пренесува „Утрински“, два члена се избираат по предлог на Јавниот обвинител на Република Мкаедонија, од редот на јавните обвинители со најмалку 10 години работно искуство.

Во Комисијата, покрај Илиевски, членуваат јавниот обвинител во Јавното обвинителство на Република Македонија, Неџат Елези, судијките од скопскиот Апелациски суд, Гордана Сајковска и Татјана Дуковска, адвокатот Љупчо Наумовски, универзитетската професорка Арта Билали и универзитетскиот професор Ѓорѓи Сламков.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...