Тетовското јавно обвинителство поднесе обвинение против 43 годишниот анестезиолог од државната клиника во Тетово кој сега се наоѓа во притвор бидејки на 14 април на социјалната мрежа Тик ток објави видео во живо од пациентките сместени во гинеколошкото одделение.
„Во спроведената претходна постапка беа прибрани докази кои го поткрепуваат основаното сомнение дека обвинетиот, како службено лице – анестезиолог вработен во ЈЗУ Клиничка болница во Тетово, на 14 април неовластено направил снимка од пациенти и вработени и ја објавил во живо на социјална мрежа, со што постапил очигледно несовесно во вршењето на своите овластувања и должности и потешко ги повредил нивните права“, се вели во соопштенито од обвинителството.
Обвинителите исто така бараат од судот во Тетово, обвинетиот да остане во притвор.
Тој беше суспендиран од работното место, а неговото однесување го осуди и Лекарската комора.
Осумдневен притвор за анестезиологот од Тетово што снимаше пациенти