fbpx

Облачно со врнежи од дожд и со температура до 13 степени

-

Под влијание на циклонска активност, и денеска во Македонија ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат пообилни, а особено во јужните и во западните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура се движи од 3 до 10 Целзиусови степени, а дневната ќе достигне од 4 до 13 степени.

Во Скопје се очекува слично време, облачно со врнежи од дожд и со слаб до умерен ветер од југоистичен правец. Дневната температура во главниот град ќе достигне до 9 Целзиусови степени.

Во изминатите 24 часа, најмногу дожд, 38 литри на еден квадратен метар, наврна во Гевгелија, соопшти утрово Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Крушево се измерени 33 литри на квадратен метар, во Демир Капија – 25 литри, 24 литри во Пожаране и вп Битола, 21 литар во Маврово, 20 литри во Прилеп, 17 литри на еден квадратен метар наврнаа во Тополчани и во Дојран, 16 литри во Претор, Ѓуриште и во Охрид, 15 литри во Лазарополе, 13 литри во Скопје, 12 литри во Куманово, а 11 литри на еден квадратен метар наврнаа во Штип, Тетово и во Струмица.

Утре врнежите од дожд ќе бидат поумерени и претежно во источните делови од земјата, а в недела слаби и локални.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...