fbpx

Oблачно со повремени врнежи од дожд и снег на планините

-

Времето и денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне врнежите ќе бидат позастапени во западните делови, но ќе бидат послаби. На планините ќе врне снег, а до крајот на денот снежната граница ќе се спушти до околу 600 метри надморска висина. Ќе дува умерен, а на југоистокот повремено засилен северен ветер. Дневната температура ќе се движи од 4 до 10 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината ќе биде облачно со умерен северен ветер и со повремен слаб дожд, а кон крајот на денот понекаде и во Скопската котлина можно е да провејува слаб снег. Температурата ќе се движи до 6 Целзиусови степени.

Утре времето ќе биде значително облачно и студено со локален слаб снег, особено на запад. Ќе дува умерен северен ветер, а температурата значително ќе опадне. Под влијание на студена воздушна маса од вторник до петок времето ќе биде стабилно и многу студено со умерен северен ветер.

Утринската температура во следните денови ќе се спушта во интервал од -10 до -3, а дневната ќе се движи околу нулата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...