fbpx

Заев и премиерите од Западен Балкан утре на состанок со Могерини

-

Премиерот Зоран Заев утревечер во Брисел, заедно со премиерите на земјите од Западен Балкан ќе има неформален состанок со високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини.

Во фокусот на третиот состанок, кој се одржува на иницијатива на Могерини, ќе се најдат актуелните случувања во регионот, како и европерспективите на земјите од Западен Балкан во 2018 година. Се очекува на состанокот да стане збор и за Стратегијата за Западен Балкан која Европската комисија ќе ја објави во февруари, а во која ќе бидат дадени оценки и насоки за евроинтеграциите на земјите од регионот.

„Европската Унија е посветена на засилување на ангажманот кон земјите од регионот со цел да обезбеди шесте држави од Западен Балкан да ги преземат потребните чекори за нивното напредување кон Унијата да стане неповратно“, се наведува во соопштението од ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Весна Јаневска ја презеде функцијата министер за образование и наука од Јетон Шаќири

Модернизација на образованието и стимулација на научно-истражувачката дејност во Македонија, преку замена на импровизациите и ад хок одлуки со инклузивни долгорочни политики креирани со придонес на сите засегнати страни,...