fbpx

Облачно и посвежо со пообилни врнежи од дожд

-

Времето во денеска ќе биде облачно и посвежо со пообилни врнежи од дожд, особено во јужните делови каде што се очекува и појава на грмежи. Ќе дува умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од седум до 14, а дневната од 15 до 22 Целзиусови степена.

Во Скопје слично време, променливо облачно и нестабилно, во попладневните часови со врнежи од дожд. Ќе дува умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе достигне до 22 Целзиусови степена.

Во текот на наредните денови ќе се задржи попладневната нестабилност и ќе дува претежно северозападен ветер. Во недела малку покачување на температурата и почести сончеви периоди, а од понеделник не се очекуваат врнежи. Температурата ќе достигне до 27 Целзиусови степени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...