fbpx

Нуркачи од Македонија и од Албанија ќе нуркаат до најдлабоката точка во Охридско Езеро

-

Охридските нуркачи, заедно со колеги од Албанија, ги прават последните подготовки од проектот за пренуркување на Охридско Езеро. Зафатот ќе почнат в сабота, на 28 февруари, во 11 часот, со нурнување од градското пристаниште во Охрид. Ќе пливаат на длабочина од пет до 15 метри и во должина 80 километри и 322 метри.
Идејата за овој проект е стара околу 15 години, но како што вели меѓународниот нуркачки инструктор од Охрид, Милутин Секулоски, токму сега дојде време конечно да се реализираат зацртаните активности.
– Целта не ни е само да го пренуркаме Охридско Езеро, туку притоа да фотографираме, да снимаме под вода и да позиционираме одредени пронајдени работи под вода за да добијат научните инстуции, како што се Хидробиолошкито завод и Заводот и музеј, податоци кои се од нивни интерес. Имајќи предвид дека езерото не е премногу истражувано досега, целта на проектот не ни е да го истражуваме, но во текот на нуркањето, сите податоци што ќе ги добиеме да можеме да ги пласираме – појаснува познатиот нуркач-инструктор Секулоски.
Од Охрид ќе тргнат околу 50 нуркачи. Од следниот ден секојдневно ќе има подводни активности, во екипа од тројца нуркачи. Етапно ќе се изведуваат подводни активности од Охрид, преку Струга, сè до Република Албанија, каде ќе ги придружува нивниот колега Енрик Мато со, исто така, искусни нуркачи од неговата земја.
– Овој проект е голем предизвик за нас. Кај нас има многу малку искусни нуркачи, но јас долго нуркам и сум забележал дека и кај нас има подводни локалитети. Исто така, сум забележал дека има и потонати објекти, а поголем проблем е што има и големо количество муниција во езерото од Втората светска војна. Во 1997 година имаше и фрлање дополнително количество муниција – вели албанскиот нуркач Мато, кој го пренесува своето искуство како нуркач дека на албанската страна од Охридско Езеро се забележани наколни живеалишта на неколку места
За реализација на овој голем предизвик, на нуркачите им помогнале и повеќе македонски институции: Министерството за одбрана, Полкот за специјални операции на АРМ, како и МВР и Општина Охрид. Покрај тоа, доктор Горан Балев со хипербаричната комора ќе биде во приправност доколку затреба, додава Секулоски.
Предвидено е, подводните активности во Охридско Езеро опфатени со овој проект да завршат за четири месеци, по што е планирано да се направи документарна емисија со сите спроведени активности, како и изложба на подводни фотографии. Генерален спонзор на проектот е „Пелистерка“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...