fbpx

НСДП: Со имплементација на договорот, ќе почне демократизација на општеството

-

Извршниот одбор на НСДП на вчерашната седница донел одлука со која го поздравува договорот за поматамошна реализација на обврските преземени од опозицијата и од владејачките партии со Договорот од Пржино. Од партијата изразија поддршка на кандидатите за министри и за заменици-министри од редот на коалицискиот партнер, СДСМ.

„Комплетирањето на тимот на специјалниот јавен обвнител и обезбедувањето на сите услови за нормално функционирање на Специјалното обвинителство, дава висока гаранција дека ќе се почне со процес на расчистување на криминалот и на политичката корпуција која речиси десет години, вкоренета во владејачката структура, го разградуваше демократското ткиво на Македонија. По оставките на најлојалните и клучни политички играчи на Груевски, кои беа и најчесто споменувани во прислушуваните разговори како носители на криминал, корупција, како иницијатори и извршители на уцени, закани, судски местенки, сосема логично е македонската јавноста да очекува и нивниот налогодавач наскоро да си замине од премиерската функција“, се вели во соопштението од партијата.

Од НСДП очекуваат по постигнувањето на договорот, финализирањето на неговата содржина во Собранието и по целосното имплементирање, вклучително и организацијата на фер и слободни избори на 24 април следната година, во државата да почне процес на демократизација и на морален препород во сите сфери на општествениот живот, односно нормализација на состојбите во судството, медиумите и во јавните институции.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Турција ја прекина трговијата со Израел поради „хуманитарната трагедија“ во Газа

Турските власти ги прекинаа трговските односи со Израел, а турското Министерство за трговија соопшти дека мерките ќе траат се додека Израел не дозволи „непрекинат проток“ на помош во Газа, пишува...