fbpx

Новиот каменолом отвори жестока расправа во битолскиот општински Совет

-

Новиот рудник за експлоатација на минерали, каменоломот покрај Битола, денеска предизвика жестока расправа во битолскиот општински Совет, особено на темата како тој ќе влијае врз животната средина  во градот и во регионот.
Опозицијата пред две недели откри дека во местото Билбил Камен, во близина на Битола, веднаш над населбата Довлеџик, се отвара нов каменолом, за што побара од власта анализа дали предходно се направени сите потребни истражувања како новиот рудник ќе влијае врз и онака загадениот воздух во градот.

Советниците од СДСМ денеска побараа да запре постапката за отворање на овој каменолом сè додека Советот на општина Битола и јавноста не се информираат за резултатите од истражувањата за последиците врз здравјето на граѓаните од неговата работа.
Исто така, побараа и спроведување јавна анкета, на која граѓаните на Битола ќе го искажат своето мислење.

– Какви последици по здравјето на граѓаните на Битола ќе има отворањето на овој рудник ако се знае дека е во непосредна близина на населбата Довлеџик и на Брусничка Населба? Какво влијание ќе има врз зголемување на бројката на заболени луѓе од респираторни болести? Дали Општина Битола и службите надлежни за следење и за заштита на човековата околина секогаш потфрлуваат и последни ги дознаваат информациите или тоа се намерни пропусти? Очигледно, ДПМНЕ, општинската администрација предводена од ДПМНЕ и градоначалникот од редовите на ДПМНЕ продолжувааат за свои лични и партиски бизнис-интереси да го загрозуваат здравјето на граѓаните – рече советникот во Општина Битола од редовите на СДСМ, Горан Козаров.

Советничката од власта, Олга Лозановска, пак, побара информација од Советот бидејќи многу граѓани ја прашувале за работата на каменолот и дали има елаборат за заштита на животната средина и колку тој ќе влијае врз загадувањето на воздухот во градот.

Каменоломот е отворен со дозвола за експлоатација и со договор за концесија издадени од Министерството за економија. Оваа концесија е издадена за времетраење од 30 години.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Хамас не го прифаќа понудениот договор за примирје, преговорите продолжуваат

Висок функционер на Хамас во текот на ноќта изјавил за новинската агенција Франс прес (АФП) дека одговорот на групата на предложениот договор за примирје со Израел, а постигнат со...