fbpx

Нови седум мигранти побарале азил во земјава

-

Вчера до Одделението за азил седуммина мигранти поднеле барања за азил во земјава, соопшти Министерсвото за внатрешни работи (МВР).

Како што информираат оттаму, петмина од барателите на азил биле од Ирак, а другите двајца од Сирија. Најстариот бил на возраст од 33 години, додека најмладиот е дете на двегодишна возраст.

Според МВР, од почетокот на издавањето на потврдите за искажана намера за поднесување барање за користење на правото на азил, во земјава азил побарале вкупно 35 странски државјани, од кои најголемиот дел се од Сирија, 25 лица, потоа од Пакистан, Марково, Алжир, Ирак и едно барање од државјанин на Египет.

Во текот на вчерашниот ден МВР издало нови 376 потврди за искажана намера за поднесување барање за азил во Македонија на странските државјани кои илегално влегле на територијата на државата.

Според МВР, до денеска вкупниот број на мигранти на кои им се издадени потврди изнесува 16.895 лица, од кои најголемиот број односно 12.336 се сириски државјани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...