Нови предлози за демоа од различни игри што можете да ги испробате на GeForce Now

Скиншот од Steam од играта Warm Snow
Скиншот од Steam од играта Warm Snow

Ова се наши предлози за испробување на демоа од различни игри застапени и на GeForce Now каде преку Cloud Gaming можете да ги испробате веднаш без инсталирање, но исто така ги има и на други гејминг платформи. Ако навистина ви се допадне некоја од презентираните игри можете да ја купите и целосната верзија од играта. Самите демоа не се прекратки, а изборот на игрите е меѓу две од најактуелните неодамна излезени игри и една игра што ќе излезе годинава.

1. Warm Snow Demo

Се работи за “rogue like, top-down, hack and slash” игра каде играте Самурај кој покрај борењето со меч има и мечови кои летаат околу него кои може да ги фрла како проектили. Има секакви надградби во играта од скилови до способности со предмети и може да се прават интересни „билдови“ (планска комбинација од „скилови“ и „ајтеми“ што ве прави поефикасни во игра).

Според приказната Warm Snow („Топлиот Снег“) паѓа како проклетство над земјата и ги претвора во чудовишта сите што ќе го вдишат. Вашата мисија е да ги победите сите корумпирани кланови поради кои се случило ова и да го тргнете проклетството од земјата. Тоа воедно и го објаснува големиот број на непријатели и главни во форма на различни чудовишта.

Играта е интересно направена и потсетува на игрите правени во програмата Flash, но со многу повисока продукција и квалитетна атмосфера.

2. Lumote: The Mastermote Chronicles  Demo

Lumote е 3D платформер каде со помош на маусот имате 360 степени преглед на играта и можете да го менувате аголот на гледање од каде сакате. Ова, исто така, е и игра што може да ги заинтересира најмладите за истражување на реалниот феномен на Биолуминисценција

Играта се одвива длабоко под океанот каде сте комично суштество наречено Lumote и решавате загатки со осветлување на црвени зони преку пренесување блокови со цвеќиња до точки на напојување за големи цветови што преставуваат влез во следната загатка. Како напредувате загатките стануваат сè потешки и попредизвикувачки.  

Убавината на оваа игра е што по разгледување на загатките се отвара пат за понатаму и за решенијата на загатките треба да подразмислите.

 Со Lumote можете да правите “double jump” еднаш да скокнете и во сред скок да скокнете уште повисоко што ви овозможува да се качувате на платформи. Исто така можете и да се залепувате за површини или над блокови со цвеќиња кои служат како „напојувања“. 

Играта е интелегентна и доста заразна, една од оние игри во кои едвај чекате да видите што ќе има следно. 

3. Nobody Тhe Тurnaround Demo

Оваа е кинеска игра што е нешто помеѓу „Симс“, авантура и игра со преживување. Закажана е да биде објавена годинава. Целта на првото отклучено сценарио во играта како демо е да најдете работа и да исплатите долг што го направил вашиот татко со коцкање кој исто така избегал оставајќи ве вас, вашата сестра и вашата мајка која се разболела поради тоа. Мафијашите ви се закануваат по телефон дека ако не го исплатите долгот и каматата нешто лошо ќе ѝ се случи на вашата сестра.

Во играта имате мерила на тоа дали сте депресивен, лут и цел спектар на други расположенија. Но, ако одиграте правилно, можете да ја продолжите играта во баланс кој ќе го одржувате. Има мерила за одржување на хигиената со редовно миење и туширање на ликот, редовно јадење, редовни активности за разведрување како прошетка низ парк, групно играње на музика, пукање во балони со воздушна пушка итн.

Можете да работите секави работи, делач на флаери, редач на роба во магацин, кревање тешки работи, обезбедување во локали и полека полека да напредувате до бизнисмен и слично. Една од целите на играта е да ги научи и децата и адолесцентите дека „нема срам од чесна работа“.

Најимпресивниот момент е што во играта е вклучена и Kовид пандемијата – една од задачите ви е да однесете пакет со маски за лице од клиниката до штандот за вакцинација. 

Одлична игра која ќе ве натера да го почнете демото повеќе пати за да преживеете што подолго од чисто љубопитство. Целата игра нуди уште две различни сценарија со сосема други приказни.