Фото: Арбнора Мемети

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 3.519 тестирања, а регистрирани се 843 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 360, Прилеп – 66, Неготино – 54, Куманово – 51, Кавадарци – 44, Струмица – 33, Велес – 30, Тетово – 26, Охрид – 25, Гевгелија – 22, Крива Паланка – 20, Гостивар – 18, Кочани – 16, Штип – 12, Богданци – 11, Битола – 9, Крушево – 8, Кичево и Пробиштип – по 6, Струга – 5, Ресен и Демир Капија по – 4, Валандово и Демир Хисар – по 3, Свети Николе, Берово и Кратово – по 2, Македонски Брод – 1.

Регистрирани се 333 оздравени пациенти од: Скопје – 115, Кавадарци – 64, Неготино – 26, Прилеп – 25, Тетово – 18, Куманово – 15, Велес и Гевгелија – по 10, Штип и Струмица по – 9, Гостивар, Битола, Дебар и Берово – по 4, Кочани и Крушево – по 3, Кичево и Кратово по – 2, Охрид, Ресен, Делчево, Валандово, Богданци и Демир Капија – по 1.

Пријавени се вкупно 11 починати лица. Починати се по 5 пациенти од Скопје (77г, 73г, 63г, 63г, 39г), по 2 пациенти од Кавадарци (77г, 71г) и Неготино (77г, 63г) и по 1 пациент од Куманово (75г), и Кочани (72г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 106.110, бројката на оздравени пациенти е 94.275, на починати е 3.176, а бројот на активни случаи изнесува 8.659.