fbpx

Нови 428 случаи на ковид-19, оздравеа 128 пациенти, починаа 10 лица

-

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.853 тестирања, а се регистрирани се 428 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-200, Куманово-16, Дебар-2, Штип-9, Прилеп-29, Тетово-30, Струга-2, Велес-6, Битола-14, Охрид-4, Кавадарци-17, Гостивар-5, Гевгелија-15, Струмица-11, Крива Паланка-1, Радовиш-6, Кочани-12, Пробиштип-1, Македонски Брод-2, Пехчево-1, Берово-5, Валандово-2, Виница-3, Делчево-4, Кратово-2, Свети Николе-3, Кичево-11, Ресен-10, Неготино-5.

Институтот за јавно здравје објави дека има 128 оздравени пациенти од: Скопје-57, Куманово-11, Штип-6, Прилеп-8, Тетово-8, Струга-2, Велес-2, Битола-2, Охрид-2, Гостивар-2, Струмица-7, Крива Паланка-1, Радовиш-6, Кочани-8, Валандово-1, Кичево-5. Починати се 10 лица, двајца пациенти од Скопје (60 и 66г), еден од Куманово (64г), двајца од Прилеп (57 и 87г) двајца од Тетово (75 и 53г), еден од Струга (55г), еден од Струмица (83г) и еден пациент од Крива Паланка (80г). Од нив 1 пациент е починат вонболнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 221.011 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лиц од почетокот на епидемијата изнесува 23.628, бројката на оздравени 17.239, на починати е 834, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5.555. Во Скопје бројот на дијгностицирани зинесува 9.854 од кои активни се 2.655 лица..

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа се примени 7 пациенти, вкупно има 100 пациенти, на кислородна поддршка се 62, нема заболени на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 деца и 6 мајки позитивни на ковид-19, 1 дете и 2 мајки суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ има 8 приеми, вкупно се хоспитализирани 45 пациенти, на респиратор се 2 пациента. Во болницата во Битола има 36, а во Штип 56 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 223, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска најмногу има во Аеродром- 531, Центар- 448 и Карпош – 437.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...