fbpx

Нови 347 случаи на ковид-19 од 2.013 тестирања, оздравени 378, а починати 11 лица

-

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2013 тестирања, а регистрирани се 347 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-179, Куманово-24, Тетово-14, Прилеп-5, Гостивар-8, Штип-13, Битола-1, Велес-11, Охрид-18, Струмица-7, Кавадарци-13, Струга-4, Кочани-8, Кичево-4, Свети Николе-2, Гевгелија-1, Дебар-4, Ресен-1, Крива Паланка-3, Берово-4, Делчево-10, Пробиштип-5, Виница-1, Богданци-3, Крушево-1, Демир Капија-2, Пехчево-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 378 оздравени пациенти од: Скопје-270, Куманово-13, Тетово-11, Прилеп-15, Гостивар-4, Штип-5, Битола-3, Велес-6, Струмица-9, Кавадарци-8, Струга-1, Кочани-4, Кичево-5, Свети Николе-2, Гевгелија-2, Неготино-4, Ресен-3, Крива Паланка-4, Радовиш-3, Берово-2, Богданци-1, Кратово-1, Крушево-1, и Пехчево-1.

Починати се 11 лица, пет пациенти од Скопје (35, 75, 65, 81 и 74г.), еден пациент од Штип (80г.), еден од Велес (82г.), од Струмица (78г.), од Кавадарци (55г.), еден пациент од Валандово (63г.),и еден пациент од Пехчево (93г.).Еден е починат вон, останатите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 90.471, бројката на оздравени пациенти е 76.423, на починати е 2.779, а бројот на активни случаи изнесува 11.269.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...