Нова верзија на филмот „Justice League“

Нова верзија на филмот „Justice League“ ќе биде објавена на платформата HBO Max во 2021 година, соопштија од НВО. Премиерата на овој филм беше во ноември 2017 година и доби различни реакции, со многу разочарани фанови од филм што требаше да се натпреварува со „Avengers“ од „Marvel“.

Студиото „Warner Bros“ од овој филм процениле загуба од 60 милиони долари. Новата верзија според оригиналниот режисер Зек Снајдер е вистинската визија што ја имал за овој филм. Режисерот бил приморан да го отстапи режисерското столче за време на пост-продукцијата поради фамилијарна трагедија. Неговата замена Џос Видон, повикал на повторни снимања, како и менување на сценариото што можеби допринесе до неуспехот на оригиналната верзија.

Во март 2019 година, Зек Снајдер потврдил дека неговата верзија на овој филм постои, а во соопштението на HBO вели дека е благодарен и возбуден што му била дадена шанса да ја реализира неговата вистинска визија за овој филм.