fbpx

Нов спор меѓу Велика Британија и Шпанија за Гибралтар

-

Британската влада ја обвини Шпанија дека го повредила нејзиниот суверенитет над Гибралтар, полуостров на југот на Шпанија, истакнувајќи дека нејзини бродови во неделата повеќепати незаконски влегле во нејзините територијални води без претходно известување. Властите во Мадрид одговорија дека не станува збор за инцидент затоа што тоа се шпански води.

Ова е последен во низата дипломатски судири поради полуостровот над кој и двете држави имаат право речиси 300 години.

Гибралтар е оддалечен 20 километри од Африка и оттаму може да се затвори влезот во Средоземното Море.

Шпанските патролни бродови биле во потера по брод кој шверцувал дрога, но британското министерство за надворешни работи истакнува дека влегувањето во тамошните води е „цеосно неприфатливо и незаконско“.

„Овие повторени влегувања во британските територијални води на Гибралтар се јасна повреда на суверенитетот на Обединетото Кралство од друга земја на ЕУ и случајот ќе го покренеме на ниво на итност пред шпанските власти“, се наведува во соопштението на британското МНР.

Гибралтар, од чии карпи со висина од 430 метри се гледаат мароканските планини, Шпанците го нарекуваат британска колонија и бараат враќање на суверенитетот. Територијата е оддалечена 1.750 километри од Лондон.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...