fbpx

Ниската температура предизвикува чести дефекти во водоводната мрежа во Тетово

-

Ниската температура во Тетово предизвикува дефекти во градската водоводна мрежа и прекини во водоснабдувањето. Од тетовската работна единица на „Водовод и канализација“ велат дека нивни екипи интервенираат по десетина пати дневно на водоводната мрежа.

– Поради ниската температура, дефекти најчесто се јавуваат кај вентилите и кај водомерите, граѓаните реагираат, но што да правиме, не сме моќни наеднаш сè да санираме. Сега малку состојбата е подобра, но сепак би апелирал граѓаните да ги заштитат своите водоводни шахти за да не замрзнат. Да не ги оставаат отворени шахтите или некако да ги покријат – изјави раководителот на ЈП „Водовод и канализација Тетово“, Самедин Абедини.

Од јавното претпријатие велат дека издашноста на изворите од кои градот Тетово се снабдува со вода за пиење е на граница на потребите за вода за пиење.

– Постојано ја следиме состојбата, изворите имаат тренд на намалување. Нивната издашност изнесува околу 330 литри вода во секунда, што е на граница на потребите за вода за градот Тетово. Издашноста до април ќе се намалува. Засега нема рестрикции на водата за пиење, но апелираме граѓаните рационално да ја користат – вели Абедини.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За 71 отсто зголемен бројот на заразени со сифилис, заушки, салмонела, маларија…

Лани во Македонија биле пријавени вкупно 12.958 заболени од акутни заразни заболувања, а претходната година, оваа бројка била 7.567. Ова претставува зголемување за 71,2 отсто, наведено е во последниот...