„Нетфликс“ го намалува бројот на вработени, укина 150 работни позиции

Фото: Venti Views / Unsplash

Стриминг платфромата „Нетфликс“ одлучи да укине 150 работни позиции главно распространети во САД што директно влијае врз вработените во филмските и телевизиски оддели, пренесува „Гардијан“

Оваа одлука доаѓа откако на 20 април од платформата констатираа дека по повеќе од една деценија се очекува да падне бројот на претплатеници како резултат на покачувањето на цената за пакетите услуги во САД и Велика Британија врз што влијаеше воената инвазија на Русија во Украина, по што „Нетфликс“ се повлече од Русија.

„Нашиот забавен раст на приходи значи дека и ние како компанија треба да го забавиме и намалиме растот на трошоците што за жал допринесе да ја донесеме одлуката од денес да отпуштиме 150 вработени што се главно со седиште во САД“, велат од стриминг платформата од каде претходно најавија дека ќе почнат со спречување на споделувањето на корисничките профили, бидејќи се проценува дека повеќе од 100 милиони домаќинства ги кршат правилата на „Нетфликс“ со споделување на лозинките.

„Нетфликс“ губи претплатници за првпат по десет години