Нема да има широка коалиција по изборите, порача Груевски

-

СДСМ здружувајќи се со некои подземни структури кај албанските радикали, договорале полнење кутии на изборите на 11 декември, рече Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг во Кочани на Kоалицијата за подобра Македонија.

– Сакам да им порачам да не си играат играчки, затоа што потоа ни цела албанска дијаспора, од цела Швајцарија, од цел свет нема да ги спаси од овој народ и од сите граѓани на Македонија. И од Македонците, и од Албанците, и од Турците, и од Ромите, и од Бошњаците, и од Власите, и од Србите, и од сите останати – рече Груевски.

Претходно Коалицијата за подобра Македонија одржа митинг во Виница каде Груевски истакна дека победата на ВМРО-ДПМНЕ на 11 декември е загрантирана и дека по изборите нема да има широка коалиција.

– Разликата нема да биде 7-8 пратеници, ќе биде огромна победа, по која ќе им биде срам да помислат за широка коалиција. Нашиот народ тоа нема да го дозволи. СДСМ нема веќе да може да ја уназадува земјата. Широка коалиција на овој народ не му треба, па дури и да имаат ист број на гласови, а тоа нема да се случи. Нека си фантазираат, нека си ги лажат членовите – рече Груевски.

На присутните на митингот во Виница се обрати и Аксел Фишер од сестринската партија ЦДУ од Германија, кој рече дека е таму да ја поддржи ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Никола Груевски.

По секоја цена да се оцрни ЕУ и да се оправда руската инвазија врз Украина

Вистиномер анализира објава на Фејсбук која вели: ЕУ ве лаже. Лаже за Романија, Молдавија и Грузија, ве излажа „Претседателот“ за вакцините против Ковид, корупцијата и трговијата со влијание. Се лаже за корумпираната украинска дикттура и војната што...

Верижен судир на скопската обиколница, повредени три лица

Три лица синоќа се здобиле со повреди во сообраќајна несреќа која се случила на скопската обиколница, кај клучката Бутел кај Смилковското езеро кон Арачиново. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) соопштија дека...

Обид за убиство во Крива Паланка, нападната 22-годишна девојка

Јавното обвинителство вчеравечер соопшти дека е донесена наредба за спроведување истрага против 25-годишник од Крива Паланка за кој постои основано сомнение дека сторило кривично дело убиство во обид. Осомничениот, во семејниот дом...

ДСЗИ бара дисциплинска постапка за здравствените работници по смртта на двете новороденчиња

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ќе бара спроведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност кај здравствените работници од прилепската Општа болница кои учествувале во лекувањето и исписот на двете новороденчиња –...

По секоја цена да се оцрни ЕУ и да се оправда руската инвазија врз Украина

Вистиномер анализира објава на Фејсбук која вели: ЕУ ве лаже. Лаже за Романија, Молдавија и Грузија, ве излажа „Претседателот“ за вакцините против Ковид, корупцијата и трговијата со влијание. Се лаже за корумпираната украинска дикттура и...