fbpx

Денес седници на неколку комисии

-

Спогодбата помеѓу владите на Македонија и на Србија за утврдување на граничните процедури за железничкиот граничен премин Табановце-Прешево денеска ќе биде разгледувана од собраниската Комисија за надворешни работи.

Освен Предлог-закон за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за утврдување на граничните процедури за железничкиот граничен премин Табановце – Прешево, на дневен ред на оваа Комисија е и Предлог-законот за ратификација на Договорот за соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Агенцијата за меѓународен развој на САД за банкарски гаранции во земјоделство и рурален развој во Република Македонија.

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат и комисиите за транспорт, врски и екологија, за европски прашања, за прашања на изборите и именувањата, за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање и Законодавно-правната комисија.

Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање ќе ги разгледа извештаите за работата на Агенцијата за разузнавање во 2014 година и на Управата за безбедност и контраразузнавање во 2014 година, како и Програма за работа на Управата за безбедност и контраразузнавање за 2015 година.

На дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата е Утврдување предлог-одлука за избор на член на Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка.

Комисијата за транспорт, врски и екологија треба да се изјасни за предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за управување со отпадот, во прво читање и на Законот за договорите за превоз во патниот сообраќај, во второ читање.

Предлог – законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, во прво читање е на дневен ред на Комисијата за европски прашања.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...