fbpx

Неколку илјади битолчани ќе присуствуваат на народниот собир во Скопје

-

Околу 5.000 битолчани денеска тргнаа на пат за Скопје за да дадат поддршка на Владата на Никола Груевски на вечерашниот народен собир, потврдуваат од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола.

Според новиот локален лидер на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Борче Димитровски, илјадници битолчани пројавиле интерес да бидат дел од народниот собир на владејачката партија во Скопје.

За разлика од вчерашниот протест во Скопје, кога сите автопревозници од Битола ѝ откажаа на опозицијата, денеска за владеjaчката партија се ангажирани битолски автопревозници и, како што вели Димитровски, најголем дел од граѓаните до Скопје патуваат со автобуси, а во колоната има и околу 150 автомобили.

– Атмосферата е одлична, битолчани масовно патуваат за Скопје на народниот собир за да ѝ дадат поддршка на нашата Влада – рече Димитровски за „Мета“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...