fbpx

Автобус излетал на патот Битола – Кичево, неколкумина повредени

-

Неколку патници се повредени во сообраќајна несреќа, која денеска околу 16 часот се случи на магистралниот пат Битола – Кичево, кога автобус излетал од патот во близина на демирхисарското село Лопатица.

Според портпаролката на СВР Битола, Сања Стаматова, станува збор за автобус кој сообраќал на редовната линија Битола – Кичево.

И увидот на полицијата покажал дека освен автобусот, во несреќата не учествувало друго возило.

Според неофицијални информации, до несреќата најверојатно дошло поради откажување на воланот, по што возачот изгубил контрола врз автобусот и излетал од патот.

Од полицијата велат дека во несреќата имало неколкумина повредени, но засега нема прецизни информации за карактерот на повредите кај патниците.

Полицијата сè уште е на местото на несреќата, по што се очекуваат и подетални информации.

А.Д.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Може да се раскине кој било договор, прашање е цената

Ванковска делумно точно оценила дека раскинувањето на договорите со Бугарија и Грција „е лесно“ и „малку потешко“. Но, нејзината проценка колку лесно или колку тешко се раскинуваат билатералните и...