fbpx

Не е вистина дека за струја се плаќа двапати за ,,преклопени датуми” на сметките

-

Од ЕВН објаснуваат дека датумите на предната страна на фактурата се датуми на отчитувачката недела на корисникот, односно покажуваат во која група на отчитувачки период припаѓа корисникот. Датумите за реалното фактурирање на потрошувачката се наоѓаат на задната страница на фактурата. Оттаму велат дека  реално отчитаните датуми никогаш не се поклопуваат со отчитаните во претходниот месец и нема двојна наплата на потрошувачката на електрична енергија. Во постот, пак, во кој се тврди дека за 0 киловатчасови потрошена електрична енергија, во ставката за пренос и дистрибуција на електричната енергија се наплатени 64,51 денар,  се пропушта контекстот.  Во него не се прикажани клучни податоци кои произлегуваат од целосната сметка и од кои е евидентно дека потрошувачка на електрична енергија имало, но таа не била доволно висока да се регистрира, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Откако цената на електричната енергија се зголеми, на социјалните мрежи сè почесто се пласираат дезинформации  поврзани со сметкитe за електрична енергија на ЕВН. Во конкретниот случај, рецензираме две засебни објави на социјалната мрежа Фејсбук. Во првата објава
фотографирани се две сметки за електрична енергија од два последователни месеца и се вели:
Проверете си ги датумите на последните две сметки од ЕВН. Дупло плаќаме за неколку дена! Ја плаќаме украдената струја! Се преклопуваат датумите! Во јулската сметка периодот завршува на 21.07.2022 година. Значи три дена двапати ми ги наплаќаат. Кај некои корисници и повеќе. Затоа проверете си, пишува во постот што го рецензираме.
Меѓутоа, не е точно дека граѓаните плаќаат двапати за неколку денови и дека датумите се преклопуваат во сметките од двата последователни месеци. Вистиномер од ЕВН побара објаснување за датумите на објавените сметки за електрична енергија коишто може да ги видите погоре.
Според одговорот што го добивме од ЕВН, датумите на предната страна на фактурата се датуми на отчитувачката недела на корисникот, односно покажуваат во која група на отчитувачки период припаѓа корисникот. Датумите за реалното фактурирање на потрошувачката се наоѓаат на задната страница на фактурата.
Реално отчитаните дати никогаш не се поклопуваат со отчитаните дати во претходниот месец. Податокот за прочитана потрошувачка се наоѓа во горниот дел на задната страна веднаш до ставката  „податоци од броило“. Датумите на предната страна се од информативен карактер во која отчитувачка група припаѓа корисникот, а на втората страна се податоците врз база на кои се прави пресметката на фактурата. Отчитувањето на клиентите на ЕВН Хоме со тарифа домаќинства и мали потрошувачи се врши по календарски недели. Како заклучок, на задната страна на фактурата веднаш до ставката „податоци од броило“ корисниците може да ги најдат точните датуми за кои им е пресметана потрошувачката на електрична енергија. Овие датуми никогаш не се поклопуваат со денови од претходниот месец и со тоа се подразбира дека не постои ни најмала можност граѓаните да се соочуваат со двојно плаќање. Значи, нема двојна наплата и нема преклопување на дати на отчитување, велат од ЕВН за Вистиномер.
Во втората објава што ја рецензираме, а која  исто така се однесува на сметките за електрична енергија на ЕВН, поставена е фотографија од сметка и за неа авторот на постот пишува дека се работи за 0 киловатчасови потрошена електрична енергија. Во сметката, пак, во ставката за пренос и дистрибуција на електричната енергија наплатени се 64,51 денар.
Арамилак до коска, за 0 квч потрошена електрична енергија, ќе си платите за пренос колку за 0 квч потрошена електрична енергија! ДРЕМЕТЕ СИ!, стои во овој пост што го рецензираме.

Од ЕВН за Вистиномер дадоа детално објаснување во врска со оваа фактура за која оттаму рекоа дека е веродостојна. Меѓутоа, во објавената фактура од овој пост се работи за корисник од категоријата мал потрошувач, а не од категоријата домаќинства.

ЕВН објаснува дека според местото на приклучок на електродистрибутивната мрежа, овој корисник припаѓа на LV1.2 категорија на приклучок, и согласно Тарифниот систем за дистрибуција се вршат мерења на врвна активна моќност (максиграф), преземена активна и реактивна електрична енергија.

На ден 26.08.2022 во периодот од 12:00 до 12:15 часот, на корисникот му е регистрирана врвна активна моќност (максиграф) од 0,12kW и многу мала количина на потрошена енергија од 0,03 kWh, а оттука 0,03 kWh / 60 = 0,0005. Минималната вредност за да се појави разлика во состојбите на енергија во броилото е 0,6 kWh потрошувачка. Значи, корисникот има потрошувачка на енергија и истата е измерена, но вредноста е многу мала за да се достигне одредената единица, додека за врвна активна моќност (максиграф) е регистрирана потрошувачка од 0,12 kWh / 60 = 0,002. Единичната цена за врвна активна моќност е 537,6100 ден. Овој износ се множи со количината (во случајот 0,1200) и се добива износот од 64,51 денари, кој е прикажан на фактурата, одговорија од ЕВН за Вистиномер и ни ја испратија и задната страница од фактурата која може да ја погледнете во продолжение.

Поради горенаведените факти оценуваме дека во вториот пост што е предмет на нашата рецензија, се пропушта контекстот, бидејќи во истиот не се демонстрирани клучни податоци кои произлегуваат од целосната сметка и од кои е евидентно дека потрошувачка на електрична енергија имало, но таа не била доволно висока да се регистрира. Сепак, за истата е пресметан надоместок за пренос. Во првиот пост пак, се работи за невистина кога се тврди дека има двојна наплата и преклопување на дати на отчитување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...