Не е вистина дека Макрон ги исклучува социјалните мрежи од етерот

Социјалните мрежи се активни во Франција, а коментарот на Макрон не се однесува на забрана на социјалните мрежи, туку тој вели дека треба да се отвори дебата за тоа како младите ги користат социјалните мрежи

-

Извориште на ваквата дезинформација е лажно соопштение, наводно издадено од француското Министерство за внатрешни работи, според кое интернет услугите ќе бидат привремено суспендирани за да се превенира злоупотреба на социјалните мрежи и онлајн платформите.  Министерството за внатрешни работи го демантираше ова соопштение.  Социјалните мрежи се активни во Франција, а коментарот на Макрон не се однесува на забрана на социјалните мрежи, туку тој вели дека треба да се отвори дебата за тоа како младите ги користат социјалните мрежи, да се разговара за воведување на некакви контроли во иднина со цел да се превенираат и спречат вакви немири, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

Макрон ги повлекува социјалните мрежи и ги исклучува од етерот. Целосна цензура и забрана за секое известување во Франција.

Францускиот народ нема да може да гледа надвор од светот и ние нема да можеме да ги слушнеме.

„Во наредните часови ќе преземеме неколку мерки како што е отстранување на најчувствителните содржини поврзани со овие платформи – социјални мрежи”.

Макрон прецизно ја посочува улогата и местото на социјалните мрежи во ширењето на насилството во последните денови.

#WEF2030Agenda пуштена на нај јако.

Во Нантер, предградие на Париз, почнаа немири откако полицијата фатално застрела 17-годишно момче по име Нахел, за време на сообраќајна контрола. Околу 40 илјади полициски службеници се распоредени низ Париз за да ги стават под контрола протестите а 700 демонстранти се уапсени. Претседателот Емануел Макрон одржа состанок на 3 јули со претставници на парламентот. На интернет почна да се шири наводен документ, соопштение за јавност наводно издадено од француското Министерство за внатрешни работи, во кое пишува „дека интернет услугите ќе бидат привремено суспендирани од 3 јули за време на ноќните часови во централните области за да се превенира злоупотреба на социјалните мрежи и онлајн платформите за да се координираат илегални акции и да се превенира насилство“. Тоа е
и извориштето на дезинформацијата дека Франција планира да го затвори интернетот за да го спречи светот да гледа што прават демонстрантите.

Потоа француската влада го демантираше тоа лажно соопштение.

Како што пишуваат проверувачите на факти на Асошиејтед Прес, владата ја демантирала веродостојноста на наводното соопштение кое циркулираше онлајн и вели дека таква одлука за наводно исклучување на социјалните мрежи нема.

На официјалниот Твитер на Министерството за внатрешни работи тоа соопштение е обележано како лажно.

Овој документ е лажен, нема таква одлука, се вели во Твитот.

Претседателот на Франција  Макрон, ги обвини социјалните мрежи дека одиграле значителна улога во охрабрувањето на негативните  дејства за време на немирите, кои наметнаа долги тензии меѓу полицијата и младите во земјата.

Големи платформи како Тик Ток и Снепчет треба да соработуваат со француските власти за да се смират насилствата кои избувна оваа недела по убиството на 17- годишно момче од страна на полицаец, рече Макрон.

Владата на Франција, како што извести Ројтерс, ќе работи со социјалните мрежи за повлекување на „најсензитивните видови на содржини“ и бара компаниите на социјалните мрежи на француските власти да им ги откријат идентитетите  на „оние кои ги користат овие социјални мрежи за да повикуваат на нереди и да промовираат насилство“ 

Како што пишуваат проверувачите на факти на Квинт, француските власти категорично ги отфрлаат невистините дека ќе има исклучување на интернетот во Франција.  Како што пишува Гардијан, посочувајќи официјални владини извори,  Макрон предложил да се разговара за тоа како младите ги користат социјалните платформи, да се воведат некакви контроли за во иднина да се превенираат и спречат вакви настани

Коментарите на Макрон доаѓаат откако министрите ги обвинија младите што користат социјални мрежи како Снепчет и Тик Ток за организирање и поттикнување на насилството и протестите.

Треба да размислиме за тоа како младите ги користат социјалните мрежи во семејството, во училиштето, за забраните кои би требало да постојат…. и кога работите ќе излезат надвор од контрола можеби ќе треба да ги регулираме или да ги пресечеме.

Пред сè, не би требало да го правиме ова во жестината на самиот момент и драго ми е што не моравме. Но, мислам дека е тоа реална дебата која треба да ја водиме  со „студени“ глави, рече Макрон.

Социјалните мрежи и натаму се активни во Франција, а коментарот на Макрон не се однесува на генералното прекинување на социјалните мрежи, како што невистинито се тврди во постот што го рецензираме.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека не е вистина дека Макрон ги повлекува социјалните мрежи и ги исклучува од етерот, ниту пак,  се воведува целосна цензура и забрана за секое известување во Франција.

 

Обвинение за две лица по нападот врз градоначалничката Арсовска, предложен притвор за едниот осомничен

Основното јавно обвинителство Скопје отвори постапка против две лица осомничени за кривично дело „Насилство“, во врска со вчерашниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Како што соопшти Обвинителството, првоосомничениот ѝ...

Лишен од слобода малолетник во Скопје кој палел оган и горел кабли

Петнаесетгодишно момче од Скопје е приведено ноќеска поради сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување на општа опасност“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Инцидентот се случил по полноќ на подрачјето на Карпош, во...

Француската амбасада со остра реакција за нападот врз Арсовска

Амбасадата на Франција во Скопје остро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Во своето соопштение, Амбасадата порача дека насилството врз демократски избрани претставници е...

Предистрага поради сомненија за загадување на животната средина со отпадни материи по пожарот во Визбегово

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издаде повеќе наредби за испитување на последиците од пожарот што се случи на 9 јули во отпад во Визбегово, а во предистражната постапка се...

Обвинение за две лица по нападот врз градоначалничката Арсовска, предложен притвор за едниот осомничен

Основното јавно обвинителство Скопје отвори постапка против две лица осомничени за кривично дело „Насилство“, во врска со вчерашниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Како што соопшти Обвинителството,...