„Наставнички пленум“: Плакатите со имињата на децата се говор на омраза

-

„Наставнички пленум“ најостро ги осудува плакатите поставени низ неколку градови со навредлива содржина и со имиња на ученици кои биле активни во средношколските протести.

„Деновиве низ неколку градови во земјава – Скопје, Куманово и Битола – осамнаа постери со навредувачка содржина и со имиња на ученици кои беа активни во текот на случувањата поврзани со средношколските протести, организирани по повод воведувањето на предметот математика како задолжителен при полагањето државна матура. „Наставнички пленум“ со згрозеност и со индигнација, остро реагира поради ваквото грубо кршење на правата на слободно изразување на учениците, дотолку повеќе што се работи за деца изложени на недозволиво јавно етикетирање и жигосување како „мозоци# на операцијата во која по своја волја и со издржани аргументи беа вклучени огромна маса средношколци низ повеќе градови од земјава“, се вели во соопштението од „Наставнички пленум“.

Од „Наставнички пленум“ повикуваат на итно регирање од надлежните институции, од кои очекуваат да излезат со јавна осуда на ваквиот чин.

„Реакцијата на „Наставнички пленум“ е оправдлива и со загриженоста која произлегува од фактот дека ваквите постери, делени низ училиштата и лепени по прозорците и на бандерите во неколку градови низ земјава, во основа, се говор на омраза и наша должност е, а и на надлежните институции, исто така, децата да бидат земени во заштита и постапката со која се изложени на јавно етикетирање да биде осудена“, велат од „Наставнички пленум“.

На Меѓународниот ден на човековите права, пуштена во употреба играта „Навигатор“

Делегацијата на Европската Унија во земјава и Јуроп хаус, во партнерство со Обединетите Нации и Министерството за образование и наука (МОН), и во соработка со гејминг здружението Галактик Омнивор и Македонското...

Агелер за „црната листа“: Ако ние можеме да ги собереме доказите, тогаш можат и македонските институции

САД направија уште еден значаен чекор во борбата против корупцијата со тоа што ги назначија поранешниот заменик-претседател на Владата, Артан Груби и судијата на Апелациониот суд, Енвер Беџети за вмешаност во...

Израелски воздушни напади врз Сирија, Израел негира дека тенковите одат кон Дамаск

Израелски воени авиони наводно извршиле стотици воздушни напади низ Сирија, вклучително и врз главниот град Дамаск. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија соопшти дека документирала повеќе од 310...

Најнови гејминг вести : Излегоа Path of Exile 2 и Marvel Rivals, во Tekken 8 се враќа познат карактер

Изминатата недела пристигнаа двете популарни и долгоочекувани игри „Path of Exile 2“ и „Marvel Rivals“, a во Tekken 8 се враќа познатиот карактер „Ана Вилијамс“. https://www.youtube.com/watch?v=AOVg2aLjIiU Path of Exile 2 по долго време...

На Меѓународниот ден на човековите права, пуштена во употреба играта „Навигатор“

Делегацијата на Европската Унија во земјава и Јуроп хаус, во партнерство со Обединетите Нации и Министерството за образование и наука (МОН), и во соработка со гејминг здружението Галактик Омнивор...