fbpx

Народна банка: Инфлацијата се намалува, на среден рок ќе се врати на 2 отсто

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска денеска ги претстави најновите макроекономски проекции

-

Инфлацијата и натаму ќе забавува, годишната стапка на инфлација во октомври била 3,5 отсто, а Народната банка очекува инфлацијата на среден рок да се врати на историскиот просек од 2 отсто. Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска денеска ги претстави најновите макроекономски проекции.

„Проекциите за раст на економијата се совпаѓаат со априлските проекции, односно се очекува умерено забавување на економскиот раст во 2023 година и негово постепено засилување во следниот период. Се очекува дека македонската економија годинава ќе оствари раст од 1,9 отсто, додека на среден рок, со подобрувањето на состојбите во надворешното окружување и очекувањата за спроведување на јавните инфраструктурни инвестиции, растот ќе забрза движејќи се во распон од 3 до 4 отсто“, изјави Бежоска.

Во однос на надворешната позиција на економијата, таа е значително подобра од очекуваната, во услови на стабилизирање на цените на светските пазари на примарните производи, со позитивен ефект врз девизните резерви коишто и натаму се во сигурната зона, што пак придонесува за натамошно јакнење на стабилноста на девизниот курс.

Гувернерката во презентацијата нагласи дека Народната банка, почнувајќи уште од крајот на 2021 година, презема повеќе мерки за стабилизирање на инфлациските очекувања и инфлацијата, како и на девизниот пазар, преку каматната стапка, инструментот задолжителна резерва, но и преку системски мерки, како што е противцикличниот заштитен слој на капиталот и макропрудентни мерки со кои истовремено се јакне и отпорноста на банкарскиот систем.

Таа ја посочи и потребата за водење претпазливи макроекономски политики коишто влијаат врз агрегатната побарувачка, бидејќи глобалните услови и натаму се неизвесни и непредвидливи. Истакна и дека Народната банка внимателно, на дневна основа, ги следи макроекономските податоци и ризиците и како и досега, ќе ги презема сите неопходни мерки, користејќи ги сите расположливи инструменти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...