fbpx

Нападнати туристи во Дагестан – едно лице загина

-

Вооружен напаѓач пукал на група посетители на историската тврдина во Дербент, во руската република Дагестан, усмртувајќи едно лице и ранувајќи 11 лица, соопштија извори од Министерството за здравство.

Во вооружениот напад, кој се случил синоќа, повредени се 12 лица, од кои едно починало, јавува агенцијата „РИА Новости“.

Четири лица се во критична состојба. Новинската агенција „Интерфакс“ јави дека туристите биле локални жители во посета на тврдината Дербент, кога неидентификуваниот напаѓач отворил оган од околната шума.

Меѓу посетителите имало и двајца граничари, од кои еден е убиен во нападот. Во тек е потрага по напаѓачот.
Локалната полиција одбила да го коментира нападот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Герила акција: Макета на јавен тоалет во Градскиот парк

Уметникот Озбек Ајваз кај фонтаната „Лотус“ во Градскиот парк во Скопје, денеска го претстави неговото последно дело во соработка со архитектката Натали Велеска, а кое е дел од проект...