Група вооружени лица упаднале во универзитетскиот кампус во Гарисa на североистокот на Кенија, објавија кениските медиуми и полицијата, додавајќи дека напаѓачите зеле заложници и убиле најмалку двајца чувари.

Кениската полиција и војска го опколиле кампусот, а размената на оган со напаѓачите трае веќе со часови. Властите соопштија дека најмалку двајца чувари се убиени, а напаѓачите зеле повеќе заложници, додека многу студенти сè уште се наоѓаат на кампусот.

– Двајца чувари на влезот на кампусот се убиени. Се слуша пукотница внатре, во кампусот, но засега не знаеме кој пука – соопшти претставник на власта.
Засега никој не ја презема одговорноста за нападот.