Најнов трејлер за God of War Ragnarok и споредби со нордиска митологија

Скриншот од играта God of War

Ви го претставуваме најновиот трејлер за God of War Ragnarok, најновата верзија на играта што треба да биде објавена на 9 ноември годинава 2022: 

Играта ќе излезе за PlayStation 4 и 5, додека претходната верзија од поновото издание на играта едноставно насловена само God of War доби и своја верзија за PC. Многу е веројатно дека и Ragnarok ќе добие свое издание на PC во иднина. Исто така, веќе некое време има продолжен трејлер за God of War Ragnarok која долго време е во најава.

Интересни се споредбите со нордиската митологија и тоа како се претставени божествата во играта. Во следното видео ви преставуваме професор по нордиска митологија што ги споредува митологијата и играта употребувајќи го продолжениот трејлер:

Има многу моменти, на пример во најавата за играта терминот „Рагнарок“ е погрешно напишан со лошо испомешани руни, во нордиската митологија богот Тир бил на престолот пред да го наследи Один или тоа дека за повеќето богови освен Один нема точни описи за нивниот изглед и многу малку се знае како ги замислувале луѓето. За богот Тор има само една карактериска дека изворно тој имал црвена коса. Не како што е портретиран во Марвел филмовите и стриповите со светло жолта коса. За Марвел филмовите и Митологијата списанието Wired неодамна објави слично видео каде што исто така млад професор и експерт за нордиска митологија ги објаснува споредбите :