Избор на најдобрите, најнови трејлери за игри од “PlayStation Showcase 2021”

Скриншот од играта God of War

1. Spider-man 2

Спајдермен 2 е многу очекувана нова игра за “PlayStation 5” но ќе излезе дури во 2023та година. По големиот успех на првиот дел, што преставуваше хит игра која беше одлично сработена Спајдермен 2 се враќа во истиот сетинг со подобрена графика -иако во првиот дел графиката беше врвна, покрај оригиналниот лик на Питер Паркер како Спајдермен се појавува и афроамериканецот од стриповите Мајлс Моралес во црн костим и двата Спајдермени овојпат ќе се борат против негативецот Веном. Популарноста на овој супер херој или херои, затоа што Спајдермен има многу верзии низ “мултиверзумот на Марвел” е во подем не само со игрите туку и со филмовите каде Том Холанд го игра Спајдермен, а плејстешн играта стана дури и причина да се купи плејстешн за да се игра  токму таа игра. 

2. God of War Ragnarok

“God of War Ragnarok” исто така спаѓа во категоријата “Игра за која се купува најнов плејстешн”. Се работи за брутално насилна игра -какви и што се сите “God of War” игри но во најнова верзија. Додека во првите делови на “God of War” приказната беше фокусирана на старогрчка митологија во најновите делови фигурира Нордиската митологија. “Комбатот” е направен да изгледа “ѕверски” а околината е исполирана графички до максимум -дали се работи за шуми или острови атмосферата е воодушевувачка. Самиот трејлер открива голем дел од приказната. Сеуште нема точен датум кога ќе излезе играта.

3. Wolverine

Вулверин е игра што ги изненади сите со најновиот трејлер, на неа работи истиот девелопер “Insomniac”, којшто ја прави и Спајдермен 2. Ако се суди според претходните игри за Вулверин од “X-man 2: Wolverine’s Revenge 2003” па до  “X-man:The Official Game”   и поновите “Wolverine” игри само стануваат подобри и подобри. Според трејлерот изгледа дека се работи за “стриповскиот” излед на Вулверин во оваа игра набиен, низок, мускулест со пура и алкохол при себе наспроти изгледот на “мачо фраер” што го промовираше Хју Џекмен во филмовите. Во стриповите вулверин носи и каубојски шешир додека во филмовите го нема тоа воопшто. Иако нема gameplay за играва, очекувањата да биде супер направена игра се големи. 

4. Star Wars Knights Оf Тhe Old Republic

Најавата за Remake на “Star Wars Knights Оf Тhe Old Republic (SWKOTOR)” се одлични вести за долгодишен проект за кој веќе има снимки на  YouTube од тоа како изгледа играта во развој иако на трејлерот е прикажана само анимација. Ова е една од игрите со посебно добра приказна а бидејќи се работи за Remake според снимките на YouTube можно е и играта да биде многу видоизменета и наместо во трето лице перспективата може да е  во прво лице. Зоните на различните планети се обработени многу добро, сепак задржувајќи го шармот на оригиналните локации од играта во првобитна состојба. Ова е игра што секогаш заслужува преигрување а уште позабавно ќе биде да се стори тоа во сосема нова верзија на “SWKOTOR”. А за новите генерации што не ја играле досега ќе стане повторно хит. 

Ако сакате да ги разгледате и другите трејлери за нови игри од целиот настан PlayStation Showcase 2021 година погледнете го следното видео: