Конечно God of War може да се игра на PC

Скриншот од Steam
Скриншот од Steam

Пред неколку дена излезе верзијата на играта God of War која може да се игра на персонален компјутер. Претходно, оваа игра беше PlayStation екслузива и нејзиното издавање како компјутерска игра, а не само за конзола беше одлично прифатено од гејмерите.

Поради фактот што играта е издадена без „денуво“ заштита, таа стана таргет на пиратеријата и наиде на голем број „даунлоди“ од сајтови за торенти каде нелегално може да се симне и да се игра комплетната „кракната“ игра. Правејќи ја една од најбрзо пиратираните познати игри во последно време. 

Играта вреди 50 евра и толку се продава на Steam. За самата игра потребна е минимум гејмерска машина, но сепак да биде гејмерска конфигурација.

Играта е со супер графика и самата приказна е интересна, но главна одлика се борбите односно „комбатот“. Се работи за „брутална акција“ без цензура каде потезите и самите битки против големи чудовишта или богови се доста добро направени со „quick time“ евенти, блокирање, избегнување и задавање критични удари.

Во самите почетоци на God of War серијалот, борбите против боговите беа фокусирани на „старогрчките богови“, но во оваа верзија на играта во прашање се „нордиските богови“.

Играта моментално води со својата популарност како еден од  најпосакуваните „Triple A“ наслови за персонален компјутер.