fbpx

Најмалку 15 лица загинаа во терористички напад во Могадишу

-

Најмалку 15 лица загинаа, а десетина се ранети денеска во напад на исламисти врз хотел во сомалискиот главен град Могадишу, соопшти сомалиската полиција.

Според телевизијата „Ал Џезира“, во нападот загинале 15 лица, а ранети се десетина.

Нападот почнал со експлозија на автомобил-бомба, активирана од бомбаш-самоубиец пред вратата на хотелот „Сахафи“. Потоа во објектот упаднале вооружени мажи, кои отвориле оган кон луѓето во хотелот. Следела втора експлозија, надвор од хотелот, веројатно од автомобил паркиран пред зградата.

Во нападот загинале еден сегашен и еден поранешен член на парламентот и фоторепортер.

Според сомалиската полиција, екстремистите, кои сè уште се во објектот, зеле заложници, а во хотелот сè уште се слушаат истрели.

Одговорноста за нападот ја презеде групацијата Ал Шабаб.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...