fbpx

Најбараниот терорист во светот, Абдеслам, е ранет и уапсен во Брисел

-

Белгискиот државен секретар за азил и за миграција, Тео Франкен, потврди дека во Брисел денеска е уапсен Салах Абдеслам, водачот на терористичките напади во Париз.

Абдеслам најпрво бил ранет, а потоа и уапсен во драматична полициска акција во Моленбек, предградие на Брисел кое е засолниште на исламистите.

Белгискиот премиер Шарл Мишел и францускиот претседател Франсоа Оланд заедно го напуштиле состанокот на лидери на ЕУ за мигрантската криза и разговарале за полициската операција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Резолуција на МААЕ: Нуклеарната централа Запорижја да биде вратена под контрола на Украина

Нуклеарната централа Запорижја веднаш да се врати под целосна контрола на Украина, се вели во резолуцијата одобрена на 67-та Генерална конференција на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ). Информацијата ја...