fbpx

На седница на Совет денеска побарана оставка од градоначалникот Талески

-

Битолската опозиција денеска и официјално на седницата на Советот побара оставка од градоначалникот Владимир Талески. Откако во една од „бомбите“ на опозицискиот СДСМ беше објавена аудиоснимка во која, според Заев, вицепремиерот Зоран Ставрески зборува за криминал во работењето на градоначалникот Талески, денеска советниците на ЛДП и на СДСМ во општинскиот Совет побараа, како точка на дневниот ред, да се постави прашањето за морална одговорност и за оставка на Талески.

Советникот на ЛДП, Александар Касапов, од советничката говорница побара Талески да си замине од функцијата затоа што Ставрески во снимениот разговор вели дека во Битола е склучен „коруптивен договор до даска“ за бесплатниот превоз на учениците со превозникот „Транскоп“, .

– По аудиоснимките каде што Ставрески вели дека во Битола за превоз на ученици е склучен договор по и до десетпати повисоки цени, ЛДП бара Талески од морални причини да си поднесе оставка. Во исто време, уште еднаш упатуваме апел до Обвинителството, по допрен глас да поведе истрага за сè што се споменува во аудиоснимките како незаконско работење во Општина Битола – рече Касапов, откако првиот обид да зборува на говорница му беше оневозможен од владејачкото мнозинство.

Но, советниците од власта, кои имаат три гласа повеќе од опозицијата, не го поддржаа предлогот на Касапов и гласаа против. Исто така, ниту еден од советниците од власта не зборува за предлогот на опозицијата.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...