На инфективните оддели во Скопје и во болниците се лекуваат 596 позитивни и суспектни на ковид-19

-

Министерство за здравство информира дека вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 596 и има околу 510 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 346 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, а на инфективните оддели во главниот град се лекуваат вкупно 250 лица сомнителни и потврдени за ковид-19.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 19 пациент позитивен и суспектен на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 41 пациент. На  инфективното одделение во Тетово има 21 пациент, во Велес се лекуваат 35 болни, а во Куманово 45 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 50 пациенти, во Прилеп 21 во ковид центарот во Гостивар 18, а во Струга 19 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 19 пациенти, во Кочани 7 во Кичево 8, Кавадарци 24, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението.

Кинескиот кредит за автопатот Кичево – Охрид ќе расте, рокот ќе се продолжи

За автопатот Кичево – Охрид ќе бидат потребни дополнителни средства, но по сѐ изгледа и неколку месеци повеќе до целосното пуштање во употреба. Ова денес го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи...

Прилепчанецот што уби татко и син легално поседувал оружје и претходно пукал во кафеана

Прилепчанецот Петар Ѓ. (62), кој завчера ги уби својот внук од сестра и неговиот малолетен син, а потоа се самоуби по вооружен судир со полицијата, и во минатото бил пријавен за...

Филипче: Македонија не смее да биде жртва на дезинформациски кампањи

Претседателот на СДСМ и претседавач со Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, на денешната седница на која се презентираше Програмата и приоритетите на Данското претседателство со Советот на Европската унија, се...

Фронт 21/42: Охрид е дел од идентитетот, но упорно се уништува со криминал и корупција

Охридскиот Регион е значаен дел од нашиот идентитет, но неговите вредности веќе три децении безмилосно ги обезличуваат и уништуваат криминалот и корупцијата, кои се под заштита на институциите, велат од граѓанската...

Кинескиот кредит за автопатот Кичево – Охрид ќе расте, рокот ќе се продолжи

За автопатот Кичево – Охрид ќе бидат потребни дополнителни средства, но по сѐ изгледа и неколку месеци повеќе до целосното пуштање во употреба. Ова денес го соопшти премиерот Христијан...