На Инфективна хоспитализирани 15 ковид пациенти, дневно се прегледуваат по 30 лица

-

На Клиниката за инфективни болести во моментов има 15 хоспитализирани пациенти со ковид-19, а на дневно ниво во оваа здравствена установа се прават по триесетина ковид прегледи, информира за „Мета“ директорката д-р Милена Стевановиќ. Според неа, со растот на ковид-бројките, се очекува да расте и бројот на прегледи и хоспитализации.

„Наплив на пациенти немаме, но како што тргнало, реално е да се очекува да има. Апелирам луѓето да се вакцинираат бидејќи само тоа може да нè спаси. Секој кој чувствува тегоби треба да појде на преглед кај матичен доктор. Сега Инфективната клиника не лечи само ковид пациенти, туку имаме и пациенти со други инфектолошки проблеми. Затоа мора сите да се ставиме во ред“, вели д-р Стевановиќ.

Д-р Христијан Костов, директорот на ГОБ „8 Септемри“, вели дека во болницата во просек доаѓаат по 10 пациенти дневно кои главно имаат висока температура.

„Им правиме брзи тестови на пациентите кои се обраќаат за помош кај нас. Во јуни немавме ниту еден ковид пациент, но еве сега имаме по десетина на ден. Ковид центарот ни е затворен, но ако има потреба ќе го активираме повторно. Кислород имаме, како и и останатото што ни е потребно за третман на ковид пациенти. Во овој момент ако е пациентот за во болница, го препраќаме на клиника“, вели д-р Костов.

Ковид-статистиката бележи раст во последниве денови. Вчера беа евидентирани 511 нови случаи од 1.489 направени тестови, односно 34,4 отсто од направените тестови се позитивни.

Вработени во шест министерства и во уште две други институции од утре ќе протестираат

Вработени во шест министерства, како и нивни колеги од Државниот завод за статистика и Државниот архив, од утре ќе протестираат. Ваботените се незадоволни од непотпишувањето на новите колективни договори со кои...

Не кликајте на линкови за наводни наградни игри и инвестирање во виртуелни валути

Отсекот за компјутерски криминал при СВР Охрид денеска, од повеќе профили на неколку социјални мрежи, евидентирал зачестени објави во кои, од граѓаните се бара со „клик“ на линкот, да ја отворат...

Украинската безбедносна служба испрашува двајца севернокорејски војници

Украинската служба за безбедност продолжува да испрашува двајца севернокорејски војници заробени како воени заробеници во регионот Курск. Украинскиот претседател Володомир Зеленски нуди размена на затвореници ако Ким Џонг Ун помогне во...

Бензинот Еуросупер 95 поскапува за 1,5 денари

Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,5 денари за литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива...

Вработени во шест министерства и во уште две други институции од утре ќе протестираат

Вработени во шест министерства, како и нивни колеги од Државниот завод за статистика и Државниот архив, од утре ќе протестираат. Ваботените се незадоволни од непотпишувањето на новите колективни договори...