fbpx
Таг: Христијан Костов

таг: Христијан Костов

Презентиран нов зрачен апарат за онколошките пациенти во „8 Септември“

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски по повод Денот на независноста денеска заедно со министерот за здравство Беким Сали присуствуваа на презентација на апарат за зрачна терапија за онколошки пациенти во Градската болница „8 Септември”. Апаратот кој треба да биде целосно ставен во функција до крајот на годината го презентираше директорот на болницата Христијан Костов. Со овој апарат кој се очекува...

На Инфективна хоспитализирани 15 ковид пациенти, дневно се прегледуваат по 30 лица

На Клиниката за инфективни болести во моментов има 15 хоспитализирани пациенти со ковид-19, а на дневно ниво во оваа здравствена установа се прават по триесетина ковид прегледи, информира за „Мета“ директорката д-р Милена Стевановиќ. Според неа, со растот на ковид-бројките, се очекува да расте и бројот на прегледи и хоспитализации. „Наплив на пациенти немаме, но како што тргнало, реално е...

Хирурзите во „8 Септември“ бараат услови за операции, директорот смета дека тоа не е можно поради пандемијата

Во понеделник хирурзите од Градската општа болница „8 Септември“ ќе прекинат со операциите ако директорот д-р Христијан Костов не им создаде услови за хируршки интервенции на пациентите чии болести не се животозагрозувачки. Тие во отворено писмо изразуваат свесност дека втора година работат како главен ковид-центар во државата, но незадоволни се што и покрај приемот на пациенти за операции од...

ГОБ „8 Септември“ чека анестезиолози за да се прават операции, на клиниките не се пуштени сите услуги

Сè уште не се достапни сите здравствени услуги на сите оддели на клиниките и во болниците во државата за граѓаните, но многу скоро сè ќе се пушти во употреба и сите услуги ќе им бидат достапни, вели за „Мета.мк“ министерот за здравство Венко Филипче. На клиниките во моментов не се прават сите операции, во ГОБ „8 Септември“ сè е...

Пациентите доцна одат во болница, „8 Септември“ секојдневно се бори против смртта

Северна Македонија е понатаму е во критичната фаза на ширење на корона вирусот, регистрирајќи троцифрени бројки на новозаболени секој ден. Ваквата состојба трае речиси два месеци, а од 3 јуни земјата регистрира над 100 нови случаи речиси секој ден. Врвот беше регистриран на 13 јуни, со 196 нови случаи. Ова придонесе болниците да се преполнат со пациенти и ситуацијата,...

Центар за третирање на спортски повреди денеска се отвори во ГОБ „8 Септември“

Во Градската општа болница „8 Септември“ денеска се отвори Центар за спортски трауматизам кој првенствено е наменет за професионални спортисти како и останатите пациенти со спортски повреди. Овие пациенти би имале приоритет како по однос на ортопедски преглед така и во однос на радиолошките и лабораториски испитувања. „ Во однос на просторот, за почеток, центарот ќе функционира во рамките на...

Костов: Болницата „8 Септември“ има долг од пет милиони евра

Градската општа болница „8 Септември“ има долг од 5 милиони евра или околу 243 милиони денари, информираше денеска на прес-конференција директорот Христијан Костов. Тој додаде дека оваа состојба ја затекнал откако стапил на функција, а долгот бил кон различни фирми, имало неплатени сметки, режиски трошоци како и неплатени казнени камати поради тужби. - Во некои простории не е направено ништо уште од...

ВМРО-ДПМНЕ: Здравството се претвора во семејна фирма на фамилии блиски до власта

По назначување на тројцата митаџии и криминалци за директори на скопските клиники, Јане Митковски, Дејан Докиќ и Иван Барбов, кои ја скандализираа македонската јавност, министерот за здравство, Арбен Таравари, ги назначи ќерката и зетот на Стојмир Петров, сопственик на веледрогеријата „Елбојор“, за директори во две различни здравствени установи во Скопје, изјави денеска на прес-конференција Дарко Костовски, од ВМРО-ДПМНЕ. Тој додаде...

Забрана за вршење на лекарска дејност за гинекологот Асани, бара Платформата за родова еднаквост

Платформата за родова еднаквост реагираше на пресудата на струшкиот Основен суд со која му се изрекува условна казна на гинекологот Мухамед Асани кој во периодот меѓу 2015 и 2020...