fbpx

На анкета на „Факултети“ граѓаните гласале против државниот испит

-

Интернет-порталот „Факултети“ од 14 до 18 декември организирал анкета за новите предлог-закони на Министерството за образование. Анкетата била спроведена онлајн и имала десет прашања. За предлог-законот за академија за наставници, 59 отсто од испитаниците се изјасниле „против“. За предлог-законот за наставници во основни и во средни училишта, 52 отсто биле „за“.

Против редефинирање на Болоњскиот систем гласале 55 отсто од испитаниците, додека за задолжителниот устен испит биле 62 отсто.

Испитаниците сметаат дека ректор или декан на високообразовна институција не може и не треба да биде странски државјанин – само 28 отсто  го прифаќаат предлог-законот, а 73 отсто гласале против.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...