fbpx

Спасов и Дамчевски ќе ја обжалат одлуката на лустраторите

-

Поранешниот министер за правда и поранешен амбасадор на Македонија во Бугарија, Ѓорѓи Спасов, бил соработник на органите за државна безбедност, објави Комисијата за верификација на фактите. Во документите, објавени на веб-страницата, се наведува дека Спасов доставувал податоци до службите за неколку македонски граѓани.

Спасов ги отфрли ваквите тврдења, истакнувајќи дека Комисија одамна е претворена во тело за политички прогон на неистомислениците на сегашната власт.

– Одговорно изјавувам дека никогаш не сум соработувал со некогашната Служба за државна безбедност и дека овој вид на срамни политички конструкции, изработени врз основа на некакви произволно напишани службени белешки од општински полицајци на некогашната УДБА, ќе бидет еден ден демаскирани. Во нив се тврди дека како асистент на Институтот, две години по смртта на Тито, во 1981 година, на некој општински полицаец сум му дал информација за постоење анархолиберали меѓу новинарите на тогашниот весник „Студентски збор“ и сум ги нарекол псевдолиберали. Поголема глупост не можел да измисли ниту тој ниту Комисијата, но веројатно сега им било потребно да бидам дискредитиран откако ме видоа дека учествувам во студентскиот протест и во моите колумни ги подржувам студентите – вели Спасов во реакцијата објавена на веб-страницата „Либертас“, притоа најавувајќи жалба до Управниот суд, па дури и до Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур, доколку одлуката по неговата жалба не биде праведна.

Истовремено, Комисијата денеска објави дека и поранешниот началник на Управата за државна безбедност и контраразузнавање – Битола, Ице Дамчевски, собирал податоци и давал наредби за следење лица, за кои се тврдело дека се од службата.

Дамчевски смета дека решението на лустраторите е неаргументирано и е надвор од секоја здрава логика.

– Во првата постапка кога ме лустрираа, се жалев пред Вишиот управен суд и решението на лустрациска судот го прогласи за незаконско. Сега тие наместо да молчат дека направиле грев, повторно носат исто такво решение во нова постапка, надвор од здравата логика и неаргументирано. Значи, наместо да ми се извинат, одат во нова неаргументирана постапка. Јас бев службено лице и сè што работев беше во рамките на моите надлежности. Сега за оваа нивна нова постапка веќе подготвувам одговор со адвокатот – изјави Ице Дамчевски за агенцијата „Мета“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...