fbpx

МЗМП: Комисијата за заштита од дискриминација ги прекрши законот и прописите за работа

-

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) оцени дека Комисијата за заштита од дискриминација (КЗД) не го почитувала законски пропишаниот рок во случајот со користењето навредлив, омаловажувачки и понижувачки говор кон лицата со хомосексуална ориентација во скрипта што се користи на Филозофскиот факултет во Скопје.

Во анализата на МЗМП се наведува дека Здружението за критички пристап кон родот и сексуалноста „Субверзивен фронт – Скопје“ и Здружението на граѓани за социјален и мултикултурен развој „Женска алијанса – Скопје“, на 13 јули 2015 година поднеле претставка до Комисијата за заштита од дискриминација против Филозофскиот факултет во Скопје и против професорот Благоја Јанаков, редовен професор на Филозофскиот факултет, поради скриптата „Личност (Основи на персонологија)“, чиј автор е професорот Јанаков.

Комисијата, од друга страна, четирикратно го пречекорила законски пропишаниот рок за давање мислење, кој е 90 дена без можност за продолжување. Таа мислењето го дала на 1 јули 2016 година.

Македонското здружение на млади правници истакнува дека Комисијата, исто така, не ги почитувала законските прописи со тоа што го зела предвид изјаснувањето на Филозофскиот факултет – Скопје и авторот на текстот, доставено седум месеци по истекот на законскиот рок.

Од Здружението го оспоруваат делот од мислењето на Комисијата во кое се наведува дека во спорниот текст не се содржани зборови кои упатуваат на навреди или на поттикнување на омраза. Тие истакнуваат дека авторот, искривувајќи ги фактите, ги навредува лицата со хомосексуална ориентација и дека скриптата содржи исклучиво лични предрасуди.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...