fbpx

МВР вчера издало потврди на 2.908 мигранти, од кои 1.146 се деца

-

Министерството за внатрешни работи (МВР) во текот на вчерашниот ден издало потврди за искажана намера за барање азил на вкупно 2.908 мигранти. Според државјанството, најголем дел од лицата се со потекло од Сирија, вкупно 1.556, од Авганистан се 820 и од Ирак се 532 лица.

Според податоците на МВР, од мигрантите на кои вчера им биле издадени потврди, 1.111 се мажи, 651 се жени и 1.146 се деца што го придружуваат носителот на потврдата.

Од 1 јануари до вчера, МВР издало потврди на вкупно 46.970 странски државјани, додека од 19 јуни минатата година, кога стапија на сила измените на Законот за азил и привремена заштита и почна издавањето на потврдите, заклучно со вчерашниот ден, низ земјава поминале вкупно 435.203 мигранти, на кои им биле издадени вакви документи.

Во текот на вчерашниот ден, според МВР, до Секторот за азил не биле поднесени нови барања за признавање на правото на азил врз основа на претходно издадена потврда.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...