fbpx

МВР вчера издало потврди на 1.964 мигранти

-

Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера издало потврди за искажана намера за барање азил на вкупно 1.964 мигранти. Според државјанството, најголем број од мигрантите, односно 983, се со потекло од Сирија, 679 се од Авганистан, а 299 лица се од Ирак.

Од 1 јануари до вчера, МВР издало потврди на вкупно 20.677 странски државјани, додека од 19 јуни минатата година, кога стапија на сила измените на Законот за азил и привремена заштита и почна издавањето на потврдите, заклучно со вчерашниот ден, низ земјава поминале вкупно 408.909 мигранти, на кои им биле издадени вакви документи.

Во текот на вчерашниот ден, според МВР, до Секторот за азил не биле поднесени нови барања за признавање на правото на азил.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грузиската полиција со водени топови и солзавец ги разби демонстрантите против законот за „странски агенти“

Грузиските безбедносни сили употребија водени топови, солзавец и шок-бомби против демонстрантите пред парламентот доцна во вторникот, остро ескалирајќи ја репресијата откако пратениците дебатираа за нацрт-законот за „странски агенти“, кој...