fbpx

МВР вчера издало потврди на 1.422 мигранти

-

Министерството за внатрешни работи во изминатите 24 часа издало 1.422 потврди на странски државјани за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Според државјанството, 571 мигрант биле од Сирија, 564 од Авганистан и 287 од Ирак.

Од први јануари оваа година до вчера МВР издало потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил на вкупно 8.923 странски државјани, а од 19 јуни минатата година до вчера МВР издало потврди на речиси 400.000 мигранти.

Од први јануари до вчера, до Секторот за азил поднесени се три барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил на четири малолетни лица од Авганистан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...