fbpx

Хан со оптимистичка агенда: Да пресече за изборите, за Груевски, за медиумите…

-

Јоханес Хан, еврокомесарот за проширување и за соседска политика, е оптимист дека ќе се реши кризата во Македонија и тоа „дефинитивно“.

Тој на својот блог на 1 јануари напиша:

„Врз основа на нашите големи напори, се надевам дека ќе успееме дефинитивно да се надмине политичката криза во поранешната југословенска Република Македонија.“

Европската комисија потврди дека еврокомесарот месецов ќе дојде во Скопје. Иако нема прецизен датум кога би се случило тоа, сепак медиумите информираат дека најверојатни датуми се 14 или 15 јануари.

Хан во Скопје го чекаат редица нерешени обврски од Договорт од Пржино: со тешки маки и со речиси два и пол месеци задоцнување се формираше Државната изборна комисија, а горливи прашања, сепак, останаа:

  • Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето и
  • Регулативата за медиумите

Во изборниот законик е предвидено Државната изборна комисија во соработка со Министерството за внатрешни работи да донесе правилник за начинот на постапување на полицијата за време на спроведувањето на изборите.

Исто така, ДИК ќе треба да усвои и правилник за методологија за водење и за ажурирање на избирачкиот список, заснован на проверки и на статистички анализи, вкрстени проверки на различни бази на податоци и евиденции, неограничени проверки и други советодавни признати методи на проверка.

Друга обврска на ДИК во новата изборна регулатива е и тоа што таа ќе треба да усвои правилник за методологија за целосен пристап и за бришење на податоци во избирачкиот список, како и постапка за спроведување теренски проверки за да може списокот да се ажурира.

Анкетната комисија за скандалот со прислушувани материјали, пак, е блокирана од 17 декември кога беше откажано сведочењето на министерот за финансии, Зоран Ставрески.

Претседателот на комисијата, Петре Шилегов, ја прекина работата со образложение дека не сака да биде алиби за функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што сакаат да го искористат ова тело и да сведочат тајно.

Во делот за медиумите нема никаков напредок. Досега се одржаа само две подготвителни средби на работните групи, но без напредок. Тоа што треба да се реши се кадровските промени во МРТВ, Агенцијата за медиуми и во МИА, и да се донесе нов закон за медиумите.

Премиерот Никола Груевски, според Договорот од Пржино, пак, треба да поднесе оставка во период доволно долг за да може до 15 јануари да се инаугурира техничката влада со нов премиер.

Според Договорот, новата влада треба да биде инаугурирана 100 дена пред парламентарните избори, што ќе се одржат на 24 април 2016 година.

Доколку изборите се одржат на 24 април, ова се роковите што треба да се испочитуваат:

Февруари:

Треба да се распушти Собранието (60 дена пред изборите);

Март:

ДИК мора да го стави на јавен увид избирачкиот список (15 дена од денот на распишувањето на изборите). Јавниот увид трае 20 дена;

Најдоцна 30 дена пред денот определен за избори, ДИК треба да ги објави описите на изборните единици;

До април:

Најмалку 23 дена пред денот на изборите, ДИК мора да ги објави во дневен печат листите со кандидати за пратеници;

Изборната кампања почнува 20 дена пред денот на изборите и мора да заврши 24 часа пред денот на изборите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...