fbpx

Мурињо: Челси не може да го купи Меси

-

Хозе Мурињо изјави дека „не постојат шанси“ Челси да го купи Лионел Меси, поради правилната на УЕФА за финансиска фер игра.

„Сините“ минатиот месец објавија рекордни 18,4 милиони фунти профит на крајот на сезоната, благодарение на заголемените приходи и на подобрата трговија.

Мурињо тврди дека во согласност со правилата на УЕФА за финансиска фер игра, во блиска иднина екипата од „Стемфорд бриџ“ не може да го доведе четирикратниот освојувач на „Златната топка“, Лионел Меси, кој во откупниот договор со Барселона има клаузула од 205 милиони фунти.

– Нема шанси за тоа. Во овој момент постои фер игра во поглед на финансиите, поради која мораме да ги следиме правилата и одредени суми не смееме да надминеме. Поради тоа немаме услови да го купиме – рече Португалецот за „БТ спорт“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...