Фото: Влада на РСМ

Да се таргетираат најпогодените од здравствено – економската криза и така да се дизјанираат владините мерки за помош, е препораката што денеска од Штип ја упати Емил Крстаноски од Меѓународната организација за труд (МОТ). Говорејќи на четвртата Текстилијада, Крстаноски рече дека Економско-социјалниот совет по општините е местото каде се разговара за потребите на работниците, бизнисите и локалната заедница, платформа каде се среќаат заедничките интереси.

„Неколку наши анализи покажаа дека локалниот социјален дијалог е во зародиш. Три од четирите пакет мерки се однесени по разговарите во овие совети. Она што се случува на национално ниво – тој позитивен тренд на разговори меѓу владата и синидкатите треба да се преслика на локално ниво. Мерките можат да бидат успешни доколку ги отсликува интересите и потребите на сите и синдикатите и работодавачите се задоволни од тие мееки,“ изјави Крстаноски.  

Според него, анализите на МОТ покажуваат дека токму жените и младите работници се најпогодени од кридата со ковид – 19 и тоа е основата од која треба да се тргне во конципирањето на економската помош.

Податоците на МОТ покажуваат дека досегашната загуба во државата првите три квартали во загува на работни часови, кои се еквивалентни на 90.000 работни места со полно работно време. Ова ќе има сериозен удар по макеоднската економија и она што е важно државната помош да стигне до најпогодените бизниси и работници, како и вработени во неформалната економија и на определно работно време, бидејќи не се заштитено во социјално сигурносните мерки, е оценката на МОТ.