fbpx

Москва за текстот во „Гардијан“: САД и Сорос сакаат да ја префрлат одговорноста за кризата

-

Текстот објавен во британскиот весник „Гардијан“ и во македонските медиуми за случувањата во последниве години во Македонија и за наводното мешање на Руската Федерација претставува несмасен обид да се префрли одговорноста за појавата на длабоката криза во земјата, реагира руското Министерство за надворешни работи.

„Наводите дека Москва финансира македонските медиуми за да шири дезинформации во интерес на Русија доаѓаат од организација чиј главен спонзор се владините структури на САД и Фондацијата на Сорос. Тоа се оние кои отворено учествуваа и ги режираа настаните на македонската политичка сцена во обид да ја обвинат Русија, која од почеток се противеше на наметнувањето деструктивни шеми на Скопје однадвор“, стои во реакцијата.

Од руското МНР истакнуваат дека Центарот за истражување на организиран криминал и корупција намерно не пишува за неверојатниот притисок кој Западот го вршел за спроведување на големоалабанските интереси во Македонија.

„Во исто време, секако, Центарот за истражување на организиран криминал и корупција молчи за: неверојатниот притисок од Брисел и од Вашингтон врз легитимното раководство на Македонија да ги протурка решенијата кои не ги задоволуваат националните интереси на земјата, за одбивањето на Западот да ја осуди озлогласената „тиранска платформа“ која е манифестација на големоалбанската идеологија. Очигледно, најдобра ислустрација за надворешните влијанија е претседателот на Собранието кој во својот кабинет го има официјалното албанско знаме. Руското или српското знаме никој не го поставува“, стои во реакцијата на руското МНР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Столе Попов е добитник на наградата „Златен објектив“ за 2024 година

Столе Стојан Попов е овогодишниот добитник на наградата „Златен објектив“ која се доделува секоја година на 29 април по повод роденденот на Кинотека на Северна Македонија. Признанието „Златен објектив“ се...